УТРО.мк

Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжува

Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжува
Vero

Во судницата во Идризово денеска продолжува едно од најтешките судски процеси во историјата на земјата – за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 луѓе, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште, сите 37 обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, но дел од нив упатија сочувство кон семејствата на жртвите, признавајќи ја тежината на обвинението без да прифатат лична вина за „тешките дела против општата сигурност“.

На воведните говори минатото рочиште, одбраната настапи со обид да ја разниша обвинителната конструкција. Сопственикот на клубот „Пулс“ Дејан Јованов, сопственикот на ММММ Кафе Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и сопственикот на објектот Гроздан Милковски, истакнаа дека нивните клиенти не презеле директни дејствија што би предизвикале трагедијата и дека сите имале валидна документација. Адвокатите најавија сведоци и докази кои, според нив, ќе покажат дека пожарот е резултат на институционални пропусти, а не на лична вина.

Во своето воведно излагање, Јованов откри дека и по девет месеци затвор не може да ја прифати вистината за ужасот што се случил. Тој изрази длабоко сочувство кон семејствата на жртвите, истакнувајќи дека и неговото семејство го чувствува истиот бол.

Од друга страна, обвинителството, составено од тим од 15 јавни обвинители, нагласи дека клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителната клупа седат 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници – сите со различна улога во најголемата трагедија од ваков тип во Македонија.

 

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран