УТРО.мк

Јовановски: Општина Кичево воведува месечна поддршка од 4.000 денари за децата со посебни потреби

Јовановски: Општина Кичево воведува месечна поддршка од 4.000 денари за децата со посебни потреби
Vero

По повод Светскиот ден на децата со посебни потреби, градоначалникот на Општина Кичево, д-р Александар Јовановски, ја најави новата општинска програма за финансиска поддршка на семејствата со деца со посебни потреби.

Според најавата, Општината многу скоро ќе објави јавен повик до сите семејства кои имаат деца од 0 до 26 години, а со програмата ќе им се обезбедува месечна финансиска помош од 4.000 денари за секое дете. Јовановски посочи дека оваа мерка е дел од неговите претходни заложби и ветувања за подобрување на условите за децата со попреченост во Кичево.

Градоначалникот денес ги посети ОУ „Санде Штерјоски“, каде што функционира дневен центар за згрижување и едукација, како и дневниот центар за лица со посебни потреби при Центарот за социјална работа – Кичево. Центарот работи во соработка со Црвениот крст на проекти за поддршка и згрижување на овие деца.

Јовановски нагласи дека Општина Кичево ќе продолжи да инвестира во политики кои обезбедуваат достоинствен и поддржувачки развој на сите деца со посебни потреби.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран