УТРО.мк

ЕУ реагираше на одлуката на албанскиот парламент, Рама: Секој европски парламент би постапил исто

ЕУ реагираше на одлуката на албанскиот парламент, Рама: Секој европски парламент би постапил исто
Vero

Одлуката на албанскиот парламент да го одбие барањето на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал за одземање на пратеничкиот имунитет на Белинда Балуку предизвика реакции од Европската Унија и од неколку западни амбасади во Тирана.

Од Европската комисија порачаа дека владеењето на правото и борбата против корупцијата остануваат клучни услови за напредокот на Албанија кон членство во Европската Унија.

„ЕУ го следеше исходот од денешното гласање во албанскиот парламент. Обезбедувањето услови Специјалното обвинителство ефикасно да ја извршува својата работа е од суштинско значење за кредибилен напредок на Албанија на патот кон ЕУ“, се наведува во реакцијата од Брисел.

Слични пораки испратија и германската, британската и други западни амбасади во Тирана, нагласувајќи дека гонењето на корупцијата, вклучително и на високи функционери, е важен услов за европската интеграција на земјата.

На критиките одговори албанскиот премиер Еди Рама, кој ја бранеше одлуката на парламентот и оцени дека таа е вообичаена практика во европските демократии.

„Секој парламент во Европа би го сторил тоа“, изјави Рама.

Тој нагласи дека стратешката цел на албанската влада останува непроменета – членство во Европската Унија до 2030 година.

Албанскиот парламент со гласовите на владејачкото мнозинство го одби барањето на Специјалното обвинителство за одземање на имунитетот на пратеничката Белинда Балуку, која е осомничена за корупција и за која обвинителството бараше можност за апсење.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран