УТРО.мк

Вучиќ: Хрватска, Албанија и Косово само чекаат можност да нè нападнат

Вучиќ: Хрватска, Албанија и Косово само чекаат можност да нè нападнат
Vero

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија располага со хиперсонични балистички ракети воздух-земја и нагласи дека тие се наменети исклучиво за одбрана на земјата, а не за напад врз соседите.

Во интервју за Радио телевизија Србија (РТС), Вучиќ посочи дека станува збор за ракети од типот CM-400AKG хиперсонична ракета, кои имаат силна разорна моќ и можат да погодат цели на оддалеченост од околу 200 до 400 километри.

„Имаме значителен број од овие ракети и ќе имаме уште повеќе“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија се подготвува за можни безбедносни предизвици во регионот.

Тој повторно изрази загриженост поради, како што тврди, засилената одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово, оценувајќи дека таквата координација може да биде насочена против Србија. Според него, постои можност тие да чекаат глобален конфликт за да се отвори простор за регионални тензии.

„Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат поголем конфликт во светот за да се создаде хаос и да се појави можност за напад“, изјави српскиот претседател.

Вучиќ потсети дека за оваа тема разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на средба во Њу Делхи во февруари. Според него, Пленковиќ тогаш му рекол дека одбранбената соработка меѓу Тирана, Загреб и Приштина не е насочена против Србија, иако српската страна останува внимателна.

Хрватскиот премиер претходно ги отфрли стравувањата на Белград и изјави дека не очекува Србија да биде во позиција да користи хиперсонично оружје против соседните земји, додавајќи дека ќе ги информира партнерите во НАТО за ваквиот развој на настаните.

Вучиќ, пак, истакна дека граѓаните не треба да се грижат, бидејќи Србија располага со доволно средства за одвраќање.

„Можете мирно да спиете. Србија има доволно моќ да го зачува својот суверенитет и интегритет“, рече тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран