УТРО.мк

Француски војник убиен во напад во Ирак, соопштува Макрон

Француски војник убиен во напад во Ирак, соопштува Макрон
Vero

Еден француски војник го загуби животот во Ирак во напад врз силите на Франција, соопшти денеска претседателот Емануел Макрон. Инцидентот се случил во регионот Ербил, каде француските војници учествуваат во меѓународната мисија за борба против екстремистичката организација „Исламска држава“.

Во објавата на својот профил на социјалната мрежа „Икс“, Макрон го осуди нападот како „неприфатлив“ и нагласи дека француското присуство во Ирак е целосно посветено на борбата против тероризмот. Тој додаде дека конфликтите во Иран не можат да оправдаат вакви насилни акции, но не го идентификува сторителот.

Според соопштението на француското Министерство за одбрана, во нападот со дрон биле повредени уште шест француски војници додека вршеле обука на ирачките сили. Повредените биле префрлени во најблиската болница за итна нега.

Локалните власти од Ербил наведуваат дека нападот бил изведен со два дрона и бил насочен кон воена база околу 40 километри југозападно од главниот град на Курдистанската автономна област. И натаму не е познато кој стои зад акцијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран