УТРО.мк

Коњановски: 411 милиони денари капитални инвестиции во Битола

Коњановски: 411 милиони денари капитални инвестиции во Битола
Vero

Денеска заседава Советот на Општина Битола каде на дневен ред е и завршната сметка и годишниот извештај на Општина Битола за 2025 година.
Во продолжение Ви го пренесуваме интергрално обраќањето на градоначалникот Тони Коњановски.

Почитуван претседателе на Совет,
Советници,
Јавност и медиуми

8, 13, 100, три бројки за весела математика, добра комбинација за почеток.

Беше 8 март и помина, уште еднаш честитки до припадничките на понежниот пол, денеска е петок 13-ти и тој ќе помине, а мојата бројка е 100. Таа ќе ја слушате во голем дел од говорот, но не дека јас така си ја измислив, туку и самите знаете за што зборувам, а ќе ја игнорирате, но јас за јавноста да кажам, тоа е процентот на реализацијата.
Пред вас денеска е завршната сметка на Општина Битола за 2025 година и годишниот извештај за истата таа година.
Фокусирани бевме на многу проекти, имаше кочења, имаше избори, но успеавме да бидеме подобри од било кога и од едно време кога локалната самоуправа ја водеше сегашната опозиција.
А дека тоа е така еве еден податок, пред кој тешко ќе ви биде да кажете било што и да обвинувате дека не сме работеле, освен ако не сакате политички овде да профитирате за во партиските дворишта.
Имавме градежна офанзива и тоа може да се види дека заклучно со четвртиот квартал реализирани капитални расходи се во износ од 411.187.922 денари.

За да нема нејаснотии, односно критики како што си знаете да кажувате дека ништо не сме сработиле, еве ви ги фактите:
-изградба на детска градинка во АРМ е извршена со 100 проценти од планираните фази кои биле предвидени со градежната динамика ( и во други ставки зборуваме за процент на реализација согласно планираното и исплатените средства)
-голем процент на реализација имаме кај програмата за енергетска ефикасност, освен сончеви панели во неколку училишта, ОУ Стив Наумов доби енергетски ефикасна фасада,
-реконструкција на уличното осветлување на улицата „Никола Тесла“ со 100 проценти реализација,
-стотка, односно 100 проценти реализација од планираното за одржување и користење на паркови и зеленило,
-друга стотка и кај реконструкцијата на водоводна мрежа на улица „Нико Фундали“ и тука 100 проценти реализација,
-100 проценти реализација на реконструкцијата на коловоз на улицата „8-ми септември“, односно булеварскиот влез на Битола,
-изградба на коловоз на патот до црквата во село Крклино со 100 проценти,
-изградба на коловоз на улица кај Дулие со 100 проценти реализација,
-реконструкција на улица „Солунска“ со 90,70 проценти,
-изградба на атмосферска и фекална канализација на улицата „СТУ 3“ во АРМ четврт 1 со 100 проценти,
-изградба на велосипедска патека со 100 проценти реализација,
-реконструкција на фудбалскиот стадион под Тумбе кафе со 99,98 проценти,
-100 проценти реализација на објектот на противпожарната единица во старата касарна, од предвидените фази со градежната динамика.

Пред фактите и боговите молчат. Многу често оваа фраза се користи во политичкиот речник, па еве и јас денеска сакам да споредам периоди, за да бидеме начисто кој колку работел и како ги завршувал работите.

Во капиталните расходи имаме значително зголемен процент на реализација во споредба со периодот од 2018 до 2021 година кога реализиацијата била од 38,17 до максимум 64,21 процент, а во последните години од нашиот прв мандат се движеше од 71,52 до максимум 77,38 проценти. За 2024 пак процентот на реализација беше 72,75 години.

Не е оправдување, но е факт дека и 2024 и 2025 година беа изборни години, а тоа пак значи и намалена активност согласно Изборниот законик. Но, и во таква ситуација бројките кажуваат дека сме биле подобри од една друга локална самоуправа што ја водеше Битола.

За да ја видиме успешноста на планирањето пред мене се споредбените показатели кои ги имате и вие во материјалите за оваа седница, а на старт да си кажеме дека планираните даночни приходи се остварени со над 100 проценти, планираните неданочни приходи се остварени со 76,55 проценти, кај планираните капитални приходи остварувањето е 82,72 проценти, планираните трансфери и донации со 49,69 проценти или вкупните приходи на општина Битола во 2025 година се реализирани со 73,16 проценти.

Законските прописи и програмското планирање се основа за планирање на расходната страна на буџетот чие извршување на буџетската сметка за сите програми е 73,16 проценти и е во рамките на процентот во кој се движиме сите овие години откако раководиме со локалната самоуправа.
Расходната страна на основниот буџет прикажана е по видови по сметки и програми. Согласно програмската класификација во буџетот опфатени се 34 програми.
Вкупните расходи бил планирани на 1.464.825.712 денари, а реализирани се 1.071.722.119 денари.

Позитивните резултати во 2025 година се и благодарение на соработка со јавните претпријатија, а постигнатото го реализиравме со општинската администрација, за што ја искажувам својата благодарност за посветеноста кон работата.

На терен веќе се работи и во тек се 10-тина нови проекти ( реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта) кои се реализираат, а со почнувањето на градежната сезона допрва ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со владата веќе има склучени договори и проекти кои почнаа да се реализираат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран