
Привршува првата фаза од изградбата на помошниот објект на православните градски гробишта во тетовското село Фалише, информира советникот во Општина Тетово, Ангел Карапетров.
Според него, со реализацијата на проектот ќе се подобрат условите на гробиштата и ќе се обезбедат подостоинствени услови за испраќање на починатите.
Во рамките на проектот е предвидена изградба на влезен трем, простор за верски обреди, кујна со трпезарија, работен простор, како и тоалети, со вкупна површина од околу 230 квадратни метри.
Карапетров посочува дека со овој зафат значително ќе се унапредат условите на православните градски гробишта во Фалише, а активностите се дел од пошироките напори за подобрување на инфраструктурата во општината.
Тој додава дека реализацијата на проектите кои им биле ветени на граѓаните на Тетово продолжува со посветена работа и во наредниот период.























