УТРО.мк

Тетово повторно на удар на вандализам – Општината реагира

Тетово повторно на удар на вандализам – Општината реагира
Vero

Општина Тетово апелира до граѓаните да покажат поголема грижа и одговорност кон јавниот имот, нагласувајќи дека секоја инвестиција во јавната инфраструктура се реализира во корист на граѓаните.

Од Општината посочуваат дека оштетувањето на јавниот имот не претставува само уништување на инфраструктурата, туку и директна штета за градот и за сите жители.

Како пример се наведува „Улицата на бутиците“, која била уредена и изградена со цел да им служи на граѓаните и на локалните бизниси. Според Општина Тетово, просторот кој бил создаден со труд и инвестиции за подобрување на изгледот и функционалноста на оваа локација, денес се соочува со оштетувања и запоставување поради невнимание и неодговорно однесување.

Од Општината упатуваат порака дека Тетово заслужува повеќе и повикуваат на заедничка грижа за јавните површини и инфраструктурата во градот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран