УТРО.мк

Коњановски: Се гради нов пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во Барешани

Коњановски: Се гради нов пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во Барешани
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид во градежните работи за изградба на патот до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани. Станува збор за проект кој е дел од вториот владин повик, во рамки на кој Општина Битола доби најголем број одобрени проекти.

Според информациите од општината, градежната механизација веќе започнала со изградбата на патот кој ќе биде во должина од 580 метри и ширина од 3 метри, со дополнителни банкини.

Во првата фаза ќе биде поставен тампон слој со дебелина од 25 сантиметри, по што ќе следи асфалтирање. Асфалтниот слој ќе биде со дебелина од 7 сантиметри, а вкупната асфалтна површина ќе изнесува 2.029 квадратни метри.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.421.038 денари, а средствата се обезбедени преку Министерство за транспорт и врски.

Коњановски истакна дека со реализацијата на овој проект се продолжува со вложувањата во подобрување на инфраструктурата и условите за живот во руралните средини.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран