УТРО.мк

Општина Битола ангажира 18 невработени лица за јавни работи

Општина Битола ангажира 18 невработени лица за јавни работи
Vero

Општина Битола го објави јавниот повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 18 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените и јавни површини во градот и руралните средини, средување на речното корито на реката Драгор, средување на Золошката градина, помош при други градежни зафати во делот на инфраструктурата.

Работното ангажирање ќе биде за период од 6 месеци април – септември, во работни денови, понеделник – петок, со ангажман од по 7 работни часа на ден, за што на лицата ќе биде исплатен месечен надоместок во износ од 20.000,00 денари нето износ. Во износот се пресметани покрај надоместокот за извршената работа во тековниот месец и трошоците за превоз од местото на вршење на работите како и надоместокот за исхрана.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран