
Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар, остро реагираше на изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, обвинувајќи го дека со своите зборови преминал граница и испратил пораки што мирисаат на антисемитизам.
Во објава на социјалната мрежа X, Саар ги отфрли изјавите на Милановиќ како „навредливи и неприфатливи“, посочувајќи дека реторика преполна со омраза кон Израел и ционизмот не припаѓа во пристојниот дипломатски дискурс. Израелскиот министер потсети дека Хрватска е членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (IHRA) и дека токму тоа членство ја обврзува на решителна борба против секој облик на антисемитизам, што според него, Милановиќ не го стекол.
За илустрација на својата осуда, Саар сподели дел од изјава на Милановиќ во која хрватскиот претседател жестоко ја критикуваше позицијата на израелскиот амбасадор во Загреб, Гари Корен, и неговиот јавно искажани забелешки.
Милановиќ, во интервју дадено пред новинарите, реагираше на тврдењата на Корен дека Хрватска треба да ги провери вработените во иранската амбасада за можни врски со тероризам. Претседателот на Хрватска излезе со свои толкувања за состојбите на Блискиот Исток, тврдејќи дека „убиствата во Газа и акциите на израелските војници се форми на тероризам“ и дека Иран, според него, не делува терористички на европско тло.
Тензиите ескалираа кога Милановиќ го обвини амбасадорот Корен за претерување, опишувајќи го неговото обраќање како непримерно и полн со „инфекции и бактерии“ што, според него, не му се потребни на Загреб. „Ова е Загреб, а не Тел Авив“, рече тој, повикувајќи на „соодветно однесување“ од страна на странските дипломати.























