
Министерството за одбрана на Турција објави дека системите за воздушна одбрана на НАТО, распоредени во Источниот Медитеран, успешно го пресретнале и уништиле балистичка ракета што беше испукана од Иран и упадна во турскиот воздушен простор. Ова е веќе трет инцидент од ваков тип во рок од нешто повеќе од една недела, потсетува агенцијата АФП.























