УТРО.мк

Трамп најави нови напади врз Иран: „Гледајте што ќе им се случи денес“

Трамп најави нови напади врз Иран: „Гледајте што ќе им се случи денес“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови американски напади врз Иран, упатувајќи остри пораки кон иранското раководство и нагласувајќи дека САД ја добиваат војната.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп напиша дека американската војска располага со „неспоредлива огнева моќ, неограничена муниција и многу време“, истакнувајќи дека иранските воени капацитети се значително ослабени од почетокот на конфликтот.

Тој во објавата остро го критикуваше и весникот The New York Times, тврдејќи дека медиумот создава погрешна слика за состојбата на теренот.

„Целосно го уништуваме терористичкиот режим на Иран – воено, економски и на други начини. Ако го читате Њујорк Тајмс, би можеле да помислите дека не победуваме, но тоа не е така“, напиша Трамп.

Според него, иранската морнарица и воздухопловство се сериозно ослабени, а нивните ракети и беспилотни летала се значително уништени во текот на судирите.

Трамп порача дека САД ќе продолжат со операциите и најави дека во текот на денот може да следуваат нови напади.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран