УТРО.мк

Коњановски: Реконструкција на спортските терени во „Тодор Ангелевски“

Коњановски: Реконструкција на спортските терени во „Тодор Ангелевски“
Vero

Денеска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со пратеникот Пеце Милевски и одговорните за проектот, изврши увид во градежните работи на започнатата реконструкција на спортските терени во подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари.

Станува збор за два терени – еден за ракомет или мал фудбал и еден за кошарка. По отстранувањето на стариот асфалт, бетон и земјен слој, следуваат поставување на тампон, асфалтирање и поставување на тартан подлога на површина од 900 м².

Терените ќе бидат опремени со реквизити и оградени со транспарентна ограда висока три метри. Во рамките на проектот се предвидени и нови патеки со бехатон плочки и елементи за училница на отворено.

Средствата за реконструкцијата се обезбедени преку Министерството за образование и наука од вториот владин повик, а целата инвестиција изнесува 11.318.523 денари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран