УТРО.мк

По „Димо Хаџи Димов“, ешерихија коли и по втор пат пронајдена во училишни намази

По „Димо Хаџи Димов“, ешерихија коли и по втор пат пронајдена во училишни намази
Vero

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече парични казни против операторот со храна кој стопанисува со кујните во основните училишта во Општина Карпош, откако лабораториските анализи потврдија небезбедна храна во две училишта.

По неодамнешната вонредна инспекција, АХВ официјално ги доби резултатите од тестирањата на мострите храна и брисевите земени од кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“.

Лабораториските наоди потврдија дека послужената мусака не ги задоволува микробиолошките критериуми, при што е утврдено присуство на бактеријата Enterobacteriaceae.

Поради овој пропуст, операторот со храна е казнет со 600 евра, а одговорното лице со 300 евра во денарска противвредност.

По првичната инспекција и наредбата за генерално чистење и дезинфекција, кујната во „Димо Хаџи Димов“ останува затворена сѐ додека не се добијат нови лабораториски наоди од повторно земените брисеви, со кои треба да се потврди нејзината безбедност. Дополнително, сите вработени се упатени на вонредни здравствени санитарни прегледи.

Во рамки на превентивните вонредни контроли, АХВ изврши инспекција и во кујните на уште девет основни училишта во Карпош, со кои стопанисува истиот оператор.

При овие контроли, кај една мостра храна (намаз) е утврдено присуство на бактерија ешерихија коли, за што веднаш е наредено намазот да се исфрли од употреба. Иако два од тестираните брисеви беа позитивни, кај нив не е утврдено присуство на патогени бактерии.

За недоследностите утврдени при превентивните контроли во деветте училишта, операторот е казнет со уште две парични казни од по 900 евра (600 евра за операторот и 300 евра за одговорното лице).

Вкупна казна од 650 евра е изречена и за дополнителни пропусти, вклучувајќи:

  • Непоседување сертификат за завршен курс по хигиена за едно вработено лице.
  • Немање соодветни технички услови за работа (недостаток на топла вода) во две училишни кујни.

АХВ продолжува со засилени контроли за да обезбеди сигурност и здравствена безбедност на оброците на учениците.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран