Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека состанокот со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер бил „многу корисен“, нагласувајќи дека разговорите се надоврзуваат на предлозите кои претходно ги дискутирал со претседателот Доналд Трамп на средбата во Алјаска, пренесе РИА.
Според Путин, разговорите се одолговлекле бидејќи Виткоф инсистирал детално да ги разгледа речиси сите точки од американскиот предлог за кој биле задолжени претставниците на Вашингтон.
Тој додаде дека во процесот за украинско мировно решение е важно да бидат вклучени европските земји, но истакна дека нивната улога треба да остане ограничена и да не се претвори во мешање во самите преговори.



























