Во селото Туминец, општина Пустец во областа Мала Преспа, Албанија, заврши реновирањето на манастирската црква „Света Марена“. Работите опфатија санација на таванот и ѕидовите, а во следната фаза ќе продолжат со поплочување на подот и со зографирање на внатрешноста.

Реновирањето е овозможено со донации од верниците на Македонската православна црковна општина „Света Недела“ од Ејџекс, Канада.

„Господ Бог нека ги благослови сите дарители на манастирската црква ‘Света Марена’ во Пустец,“ соопшти црковниот одбор на манастирот.
