УТРО.мк

Шпиони уапсени во Грција – Властите со детали за инцидентот

Шпиони уапсени во Грција – Властите со детали за инцидентот
Vero

Двајца државјани на Романија вчера беа уапсени кај грчкиот остров Саламина, во близина на поморската база на воената морнарица, под обвинение за шпионажа. При нивниот претрес бил пронајден фотографски материјал од базата.

Според грчките власти, во попладневните часови било забележано пловно средство со грчко знаме кое се движело во каналот на поморската база. Брод на воената морнарица го запрел и извршил контрола, при што било утврдено дека двајцата Романци, на возраст од 22 и 52 години, поседувале фотографии од поморската станица на своите мобилни телефони.

При претресот биле запленети три мобилни телефони и паричен износ од 4.700 евра и 400 американски долари. Поморската база Саламина е најголемата грчка морнаричка база и се наоѓа североисточно од островот Саламина, во непосредна близина на Атина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран