УТРО.мк

Паника во Романија: речиси 400 училишта и болници добија закани за вооружен напад

Паника во Романија: речиси 400 училишта и болници добија закани за вооружен напад
Vero

Речиси 400 училишта и болници во Букурешт и низ целата Романија добија заканувачки пораки за крвави злосторства од вчера вечерта до утрово. Во пораките, испраќачот тврди дека е вооружен и планира масакр.

Романските медиуми јавуваат дека полицијата и тајните служби веќе започнале првични истраги и процениле дека заканите се лажни, па нема непосредна причина за загриженост. Сепак, на училиштата и болниците им е наредено да ги зајакнат безбедносните мерки.

Во една од пораките пишува: „Сите заслужувате да страдате, јас трпам болка секој ден, го мразам својот живот, па време е и вие да почувствувате истото“.

Заканите стигнале до 388 установи во неколку региони, кои веднаш ги известиле властите, а романската разузнавачка служба се приклучила на истрагата за да се обезбеди безбедноста на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран