УТРО.мк

Црна Гора ќе испрати војници за обука на украинската армија во рамки на мисијата на ЕУ

Црна Гора ќе испрати војници за обука на украинската армија во рамки на мисијата на ЕУ
Vero

Со 49 гласа „за“ и три „воздржани“, Парламентот на Црна Гора денес ја изгласа одлуката за приклучување кон Мисијата за воена помош на Европската Унија за поддршка на Украина (EUMAM UA), со што ќе испрати свои војници за учество во обуката на украинските сили.

Министерот за одбрана Драган Кривокапиќ појасни дека црногорските војници ќе бидат дел од активности поврзани со обука за хемиско-нуклеарна и медицинска заштита, справување со минирања и оперативна подготовка на украински чети.

– Според достапните податоци, во рамки на оваа мисија досега се обучени околу 75.000 припадници на украинските вооружени сили. Црна Гора со оваа одлука се приклучува кон 24 земји-членки на ЕУ кои веќе активно придонесуваат со логистика, војници и обука – изјави Кривокапиќ.

Одлуката се смета за важен геополитички сигнал од Подгорица, со кој се демонстрира поддршка за Украина и се зацврстува односот со европските и НАТО партнери.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран