Татко со камп-возило го прегазил своето дете на паркинг покрај автопат
На паркинг крај автопатот во близина на Нови Мароф, Хрватска, вчера попладне трагично настрада четиригодишно дете.
Несреќата се случила околу 18:30 часот, кога детето било прегазено од возило и, според информациите, починало на самото место од здобиените повреди.
Како што потврдија од Полицијата на Вараждинска жупанија за Dnevnik.hr, станува збор за семејство од Полска.
Според неофицијални извори и сведоштва од очевидци, зад управувачот на камп-возилото бил таткото на детето, кој, во моментот на маневрирање, ненамерно го прегазил својот син.
И покрај обидите за реанимација на местото на несреќата, лекарските екипи не успеале да го спасат детето.