
Цените на становите во Хрватска продолжуваат да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика на Хрватска.
Во вториот квартал од 2026 година, цените на становите биле во просек за 12,7 отсто повисоки во однос на истиот период лани.
Во споредба со првиот квартал од 2026 година, становите поскапеле во просек за 2,7 отсто.
Најголем квартален раст на цените е забележан во Градот Загреб, каде што становите во вториот квартал биле за 4,1 отсто поскапи во однос на првиот квартал.
Во другите области цените пораснале за 3,3 отсто, додека на Јадранското Море растот изнесувал 1,2 отсто.
Кога станува збор за новоградбите, нивните цени во вториот квартал од 2026 година биле за 0,8 отсто повисоки во споредба со првиот квартал.
На годишно ниво, односно во споредба со вториот квартал од 2025 година, новите станови поскапеле за 9,2 отсто.















