УТРО.мк

Борисов: Ќе ги добиеме останките на Самоил, но никој не кажува што даваме за возврат

Борисов: Ќе ги добиеме останките на Самоил, но никој не кажува што даваме за возврат
Vero

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, изрази загриженост околу најавеното враќање на наводните останки на Цар Самоил од Грција во Бугарија.

Борисов вели дека е задоволен што Бугарија во сабота треба да ги добие останките, но истовремено бара да се знае што ќе даде земјата за возврат.

„Им честитам што можат да ги донесат моштите, но сакам да знам што ќе дадеме. А токму тоа, никој не знае, би можело да не е поволно за Бугарија“, изјави Борисов.

Тој посочи дека додека бил премиер и самиот се занимавал со ова прашање, при што, како што рече, мнозинството професори сметале дека евентуалниот договор не би бил поволен за Бугарија.

„Политички не можевме да донесеме таква одлука. Тој што ја донел нека објасни“, рече Борисов.

Лидерот на ГЕРБ додаде дека секој Бугарин би се радувал доколку земјата добие можност да има погребан цар, но истовремено постави прашање за тоа како и каде се погребани другите бугарски владетели.

„Ние сме големи патриоти, но не знаеме каде се гробовите на нашите цареви. И почнуваме да ги почитуваме дури кога ќе умрат“, рече Борисов.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран