УТРО.мк

Австрија отвора врати за работници од Балканот: Се бараат луѓе што зборуваат српски, хрватски или босански

Австрија отвора врати за работници од Балканот: Се бараат луѓе што зборуваат српски, хрватски или босански
Vero

Австрискиот пазар на труд нуди повеќе работни позиции за кандидати кои, покрај германскиот и англискиот јазик, зборуваат босански, хрватски или српски.

Познавањето на јазиците од регионот во одредени огласи не е само предност, туку е наведено како конкретен услов за вработување. Вакви позиции има во Виена и околината, но и во други делови од Австрија.

Една од компаниите што бара вакви работници е Allianz, која во Виена има отворена позиција за поддршка на клиенти за хрватскиот пазар. Од кандидатите се бара течно познавање на хрватскиот јазик, како и германски и англиски јазик најмалку на ниво Б2.

Станува збор за работа со полно работно време, со можност за комбинирање на работа од канцеларија и од дома.

Компанијата LKW WALTER, пак, во Винер Нојдорф бара менаџер за транспорт. За позицијата се бара многу добро познавање на српски, босански или хрватски јазик, во комбинација со германски или англиски.

Според објавениот оглас, почетната годишна бруто-плата за ова работно место е околу 43.800 евра, а постои и можност за работа од дома.

Работници со познавање на балканските јазици бара и BTG Spedition во Винер Нојдорф, каде е отворена позиција за диспечер. Кандидатите треба да зборуваат босански, хрватски или српски, но и да имаат добро познавање на германскиот јазик.

Како важни квалификации за оваа позиција се наведуваат искуството во логистика и организација на транспорт.

Примерите покажуваат дека познавањето на јазиците од Балканот може да биде конкретен услов или предност при аплицирање за одредени работни места во Австрија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран