
Голема полициска акција се спроведува од рано утрово во повеќе градови низ државата, каде специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност во рамки на акцијата се вршат претреси на околу 30 локации.
Акцијата е координирана и е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведува активности поврзани со кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Од МВР најавија дека повеќе детали за акцијата и резултатите од претресите ќе бидат соопштени по нејзиното завршување.















