
Двајца жители на тетовскиот регион се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во близина на селото Доброште.
Според информациите од СВР Тетово, несреќата била пријавена на 28 септември околу 13 часот, а во неа учествувале мотоцикл и патничко возило „голф“, и двете со тетовски регистарски ознаки.
Мотоциклот го управувал 41-годишниот С.М. од Доброште, додека со автомобилот управувал 34-годишниот Ф.И.Е., исто така од Доброште.
Во судирот, тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговиот сопатник Д.Н. од село Глоѓи. Двајцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.















