
Топлото и стабилно време продолжува. Многу слично време се очекува во наредниот период. Утрото ќе биде студено, повремено со магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло.
Максималната температура ќе биде претежно од 21-22 до 25-26 степени. Се очекува претежно стабилно и ведро време, само со мала минлива облачност.
Антициклон и висок воздушен притисок ќе спречат продирање на циклони, облачни и врнежи од Атлантикот и Медитеранот.

Значи, вакво време се очекува до крајот на септември, но и во текот на првата декада од октомври.
Според сегашните прогнози, барем до 12 октомври или до средината на октомври, не се очекува значително есенско заладување, ниту ќе има посериозни и обилни врнежи а потоа промените се можни кон постудено и врнежливо време.















