УТРО.мк

Битола и Будва чекор поблиску до збратимување: Коњановски разговараше со Никола Јовановиќ

Битола и Будва чекор поблиску до збратимување: Коњановски разговараше со Никола Јовановиќ
Vero

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји од Западен Балкан со Европската унија, денеска имаше билатерална средба со претседателот на Општина Будва Никола Јовановиќ.

Разменија искуства и мислења за можностите за поблиско поврзување на Будва и Битола, при што посебно внимание беше посветено на иницијативата за збратимување на двата града.

Се разговараше за можна соработка во областа на културата, спортот и туризмот, но и за темите кои се однесуваат на инвестиции и развој на локалната економија, како и предизвиците на јавните претпријатија. Истакната беше важноста на размена на знаења, искуства и добри практики, како основа за идните иницијативи и поврзување на двете локални самоуправи.

Соговорниците, како што соопштија од Општина Будва, ја искажале подготвеноста идното партнерство да се развива низ областите од заеднички интерес, давајќи со тоа долгорочна перспектива на односите меѓу Будва и Битола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран