УТРО.мк

Полицијата апсеше на разлипни локации – Лишени од слобода 10 лица

Полицијата апсеше на разлипни локации – Лишени од слобода 10 лица
Vero

На 28/29.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.С.(57), Ф.Н.(43), А.З.(21), Д.Т.(29) и 18-годишната А.Х., сите од Скопје, како и Ф.Н.(53) од с.Речане, гостиварско и Л.Р.(40) и А.Х.(39), двајцата од Шведска, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја.

На 29.09.2026 во 02:30 часот пред угостителски објект во с. Боговиње, полициски службеници од ПО Камењане го лишија од слобода Т.Ѓ. (21) од с. Милетино, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

На 28.09.2026 во 20:20 часот пред угостителски објект на ул. „Октомвриска” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Т.(45) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена грутчеста материја и марихуана.

По целосно документирање на случаите,  против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран