
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, во среда и четврток без електрична енергија ќе останат делови од општините Брвеница, Теарце и Желино.
На 30 септември, во општина Брвеница прекин е планиран од 08:00 до 15:00 часот. Без струја ќе бидат објекти во Хелга, Цуцул, Сан Бим, Алба Пласт, Бонитас, Бриони, бетонерката Брвеница, БП Бриони, фарма Бриони, свињарската фарма, млекарата Бриони, бетонерката Радиовце, млинот Радиовце, Сали Мухамед, ПВП Башким Турс Челопек и дел од село Челопек, односно објектите на влезот.
Во општина Теарце, истиот ден од 09:00 до 14:00 часот прекин ќе има во дел од село Доброште, како и во објекти во близина на старата џамија.
Во Желино, на 30 септември, без електрична енергија од 09:15 до 14:00 часот ќе биде дел од селото Требош.
Прекинот во општина Желино ќе продолжи и на 1 октомври, кога од 08:45 до 14:45 часот без струја ќе останат село Седларево, село Луковица и село Гургурница.
Станува збор за планирани прекини, согласно распоредот за интервенции на електродистрибутивната мрежа.















