УТРО.мк

Грција ги предава останките на Самуил на Бугарија

Грција ги предава останките на Самуил на Бугарија
Vero

Грција би можела до крајот на неделава да ги предаде на Бугарија тлените останки на цар Самуил, во потег кој има големо историско и симболично значење за односите меѓу двете земји.

Останките на цар Самуил, македонскиот средновековен владетел, биле откриени во 1969 година од грчкиот археолог Николаос Муцопулос во базиликата „Свети Ахил“ на островот Свети Ахил во Малото Преспанско Езеро.

Според информациите објавени од грчкото издание „epolitical.gr“, прашањето за давање на останките во Бугарија се разгледува веќе со децении, но досега не било постигнато конечно решение.

Темата повторно била актуелизирана во 2022 година, за време на владата на Кирил Петков, кога Софија побарала да се најде решение за останките. Во тој период односите меѓу Атина и Софија биле дополнително интензивирани, особено во областа на енергетиката и инфраструктурното поврзување.

Прашањето за останките на Самуил е дел од пошироката историографска и дипломатска чувствителност меѓу балканските држави. Македонскиот цар Самуил владеел во периодот од крајот на X до почетокот на XI век, а неговото средновековно царство опфаќало големи делови од Балканот.

Во изминатите децении биле отворани и други прашања поврзани со црковни предмети, ракописи и историски реликвии кои се наоѓаат во Грција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран