УТРО.мк

Поранешна партнерка му дошла дома и го нападнала – 36-годишен скопјанец пријавил физички напад

Поранешна партнерка му дошла дома и го нападнала – 36-годишен скопјанец пријавил физички напад
Vero

36-годишен маж од Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка.

Според пријавеното, инцидентот се случил на 26 септември околу 3 часот по полноќ во неговиот дом во подрачјето на Чаир. Како што навел мажот, неговата поранешна 34-годишна партнерка М.К. од Скопје дошла во неговиот дом, по што физички го нападнала и оштетила дел од покуќнината.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 27 септември во 17:30 часот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран