
Шведска државјанка се здобила со тешки телесни повреди при приземјување по тандем лет со параглајдер во близина на Струга, соопшти полицијата.
ОВР Струга поднело кривична пријава против К.Т. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според пријавеното, на 28 јули годинава, К.Т., во својство на параглајдинг инструктор во рамки на параглајдинг компанија, договорил тандем лет со 37-годишната А.Г.Б. од Шведска.
Полицијата наведува дека инструкторот не ѝ ги дал потребните инструкции и насоки, а при приземјувањето кај Струга жената се здобила со тешки повреди на едната нога.
Повредената туристка била пренесена на лекување во специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Случајот понатаму ќе биде предмет на постапка надлежните институции.















