
Осум лица се лишени од слобода во Скопје и Велес поради поседување материја за која постои сомнение дека е наркотична дрога, информира Министерството за внатрешни работи.
На 27 септември, полициски службеници од СВР Скопје на повеќе локации во главниот град ги лишиле од слобода Ј.Х. (30), Б.Л. (27), С.Р. (24), Р.Б. (29), Р.Ч. (27), 17-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Џ.Л.Г. (29) од Обединетото Кралство.
При полицискиот преглед кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава и бела прашкаста материја, како и ризли.
Истиот ден, околу 17:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ѓ. (37) од Велес. При прегледот кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.















