УТРО.мк

Коњановски: Ален Рустемовски испишува историја, Општина Битола ќе го поддржи со 1 милион денари

Коњановски: Ален Рустемовски испишува историја, Општина Битола ќе го поддржи со 1 милион денари
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за младиот македонски боксер Ален Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство во бокс што се одржа во Бугарија.

На средбата, Рустемовски и неговиот тренер Јове Петровски зборуваа за големиот успех, но и за амбициите на младиот боксер во периодот што следува.

„Знаев дека еден ден ќе успеам и денес можам да кажам дека ова е само почеток. Знам дека допрва ме чекаат уште поголеми предизвици. Мојот сон останува ист, а тоа е Олимпијадата и олимписки медал“, изјави Рустемовски.

Младиот боксер истакна дека е особено горд што по 20 години успеал да донесе европски медал во бокс за Македонија.

Коњановски му честиташе за освоениот медал и посочи дека верува во неговите способности и во неговите идни успеси.

„Битола за него и за сите други боксери веќе ја гради новата боксерска сала, која за скоро време ќе биде на располагање на сите“, истакна Коњановски.

Тој најави дека Општина Битола и во наредниот период финансиски ќе го поддржува Рустемовски. За неговите подготовки со цел обезбедување пласман на Олимписките игри, Општината ќе издвојува 1 милион денари од општинскиот буџет.

Рустемовски со освоениот европски медал го продолжува патот кон својата голема цел – настап на Олимписките игри и освојување олимписки медал.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран