УТРО.мк

Општина Битола: Европска вечер со „Чкембари“ и „Еурофарм Пелистер“

Општина Битола: Европска вечер со „Чкембари“ и „Еурофарм Пелистер“
Vero

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“.

Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“, пред почетокот на европскиот натпревар на „Еурофарм Пелистер“.

За навивачите е предвидена богата програма со зелен килим, музика и диџеј, навивачко шминкање, 360-степена камера, како и продажба на клупски производи. Ќе има и посебна зона за најмладите, како и храна и пијалаци.

Пред влегувањето во салата, навивачите заеднички ќе го одбројуваат почетокот на натпреварот.

„На терен се седум, а осмиот е на трибините“, порачуваат организаторите, најавувајќи и посебно изненадување во чест на „Чкембари“, кои веќе 41 година се дел од приказната на „Пелистер“.

Од Општина Битола и клубот ги повикуваат навивачите да бидат дел од оваа европска вечер и заеднички да создадат атмосфера достојна за битолскиот клуб и неговиот „осми играч“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран