УТРО.мк

Акција во Скопје: Претреси на повеќе локации, пронајдени знаме на ИСИС, оружје и муниција

Акција во Скопје: Претреси на повеќе локации, пронајдени знаме на ИСИС, оружје и муниција
Vero

Утрово на повеќе локации во Скопје се вршат претреси во рамки на акција поврзана со сомневања за лихварство, но и за индоктринација и поттикнување тероризам.

Според информации објавени од „Слободен печат“, кои се повикуваат на извори од безбедносно-разузнавачката заедница вклучени во акцијата, станува збор за група од околу пет лица.

Акцијата, според истите информации, ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.

При досегашните претреси, како што објавува „Слободен печат“, биле пронајдени знаме на ИСИС, оружје и муниција.

Засега нема официјална потврда од надлежните институции за деталите од акцијата, бројот на опфатени лица или дали има приведени.

Повеќе информации за акцијата и евентуалните приведувања се очекуваат во текот на денот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран