УТРО.мк

Силно невреме во Далмација: Поплави во Сплит, драматични сцени во Комижа

Силно невреме во Далмација: Поплави во Сплит, драматични сцени во Комижа
Vero

Делови од Далмација вчера беа зафатени од силно грмежливо невреме кое предизвика поплави, прекин на струја и драматични сцени на море и копно. Според хрватските медиуми, бурата прво удрила во делови од Далматинска Загора и Цетинската краина, по што облаците се насочиле кон средниот Јадран.

Околу 19 часот невремето го зафатило островот Бишево и градот Комижа на Вис, каде што ветрот дувал со силина од 50 јазли. Температурата во Комижа паднала од 30 на само 21 степен за кратко време, а во зависност од локацијата, наврнале од 5 до 30 литри дожд на метар квадратен.

Силен ветер отфрлил едра јахта кон југозападните брегови на Вис, јавуваат очевидци за порталот Dalmacija Danas.

Невремето потоа се проширило кон Хвар и Брач, со дожд кој опфатил широк појас од Трогир и Чиово па сѐ до Корчула. Во селото Дол на Хвар, за помалку од еден час наврнале повеќе од 20 литри дожд на метар квадратен.

Во Сплит, врнежите почнале околу 20:30 часот и предизвикале вистински „потоп“ низ улиците. Натпреварот меѓу Хајдук и Истра започна со речиси еден час задоцнување поради прекин на струја на стадионот „Полјуд“. Електричната енергија се врати нешто по 21 часот, со што условите за игра беа нормализирани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран