УТРО.мк

Пленковиќ ги отфрли тврдењата за воена трговија со Израел: „Не постои таква соработка“

Пленковиќ ги отфрли тврдењата за воена трговија со Израел: „Не постои таква соработка“
Vero

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ категорично негираше дека земјата има било каква трговска релација со Израел кога станува збор за оружје и воена опрема, реагирајќи на изјавата на претседателот Зоран Милановиќ, кој побара од Владата да прекине со наводната соработка.

„Хрватска не тргува со оружје и воена опрема со Израел,“ рече Пленковиќ пред новинарите, пренесе агенцијата ХИНА.

Дополнително, хрватското Министерство за одбрана информираше дека во моментот нема активни набавки на вооружување од израелска страна за потребите на армијата.

Изјавата на Милановиќ доаѓа во контекст на зголемените тензии на Блискиот Исток и чувствителноста околу темата за воени односи со Израел. Сепак, од Владата појаснуваат дека такви трансакции не постојат и нема простор за политичка шпекулација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран