УТРО.мк

СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Застрашувачки татнеж од силниот земјотрес кој вечерва ја погоди Света Гора – монасите исплашени излегоа надвор (ВИДЕО)

СЕ ПОЈАВИ СНИМКА: Застрашувачки татнеж од силниот земјотрес кој вечерва ја погоди Света Гора – монасите исплашени излегоа надвор (ВИДЕО)
Vero

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер е регистриран на Света Гора, малку по 9 часот вечерва.

Според грчките медиуми, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 8 километри северозападно од Кареја на Света Гора, додека длабочината на жариштето била на 5 километри.

Според информациите, земјотресот бил почувствуван во Солун, а потоа следеле уште три последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер.

Земјотресот бил почувствствуван и во Софија и во делови од Македонија.

Според информациите на Вориа, во Кареја се појавиле бројни пукнатини на старите згради, додека дел од лустер се одвоил во манастирот Есфигмен, кој е посветен на Успението на Богородица.

Во моментот на земјотресот во храмот се служела служба на Великиот канон, а и светогорските монаси и поклоници во страв излегле надвор.

Штети пријавуваат монаси во старите скитови и келии, додека поклониците велат дека земјотресот траел и дека на крајбрежните места бил проследен со татнеж. За јачината на татнежот сведочи и видео кое го објави Вориа, снимено со безбедносна камера во катизмата на Свети Трифон, која се наоѓа на 400 метри од заземениот манастир Есфигмен.

„Беше прилично силен земјотрес и почувствувавме дека потресот доаѓа одоздола нагоре. Траеше и нè исплаши. Лустерите се нишаа ваму-таму, а некои ситни предмети паднаа. Потоа следеа земјотреси со пократко траење и послаб интензитет. Генерално, владее вознемиреност“, изјавиле монасите за Вориа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран