УТРО.мк

Река луѓе кон Славија во Белград – започнува големиот протест против владеењето на Вучиќ

Река луѓе кон Славија во Белград – започнува големиот протест против владеењето на Вучиќ
Vero

Студентски протест „Се гледаме на Видовден“ денеска на плоштад Славија во Белград

Денеска со почеток во 18 часот, на плоштадот Славија во Белград ќе се одржи студентскиот протест под слоганот „Се гледаме на Видовден“.

Според најавената програма, во 19:11 часот ќе се одржи 16-минутно молчење во чест на 16-те жртви кои трагично го загубија животот при падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Во 19:27 ќе биде интонирана химната, по што ќе следи првиот блок студентски говори и свечено доделување на признанието „Црвен божур“.

Настанот ќе продолжи со уште два блока студентски говори, а во 21 часот организаторите ќе го постават завршниот рок за исполнување на барањата упатени до Владата на Србија.

Завршницата на студентската програма е предвидена за 21:20 часот, а граѓанските собири упатија повик присутните да останат на Славија и по официјалниот дел.

Покрај протестот, денеска во Пионирскиот парк ќе се одржи и втората по ред книжевна вечер на студентите, насловена „Студентска книжевна вечер 2.0“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран