УТРО.мк

Разнесен банкомат со експлозив – граѓаните се разбудиле од силна детонација

Разнесен банкомат со експлозив – граѓаните се разбудиле од силна детонација
Vero

Во текот на ноќта во сараевската населба Шип бил разнесен банкомат, при што граѓаните слушнале силна експлозија околу 3:20 часот наутро. Според првичните информации, банкоматот најверојатно бил ограбен со помош на експлозивна направа.

Портпаролката на МУП на Кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ, изјави дека случајот е пријавен рано утринава и дека истрагата е во тек. Засега не се знае колкава сума пари е одземена, ниту дали зад грабежот стои едно или повеќе лица.

Неофицијални информации укажуваат дека возилото со кое сторителите се оддалечиле по грабежот е снимено. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и започнала увид.

Овој случај потсетува на сличен инцидент минатиот месец во сараевската населба Алипашино Поље, кога со експлозија беше ограбен друг банкомат, а беа оштетени и околните објекти.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран