Вишиот суд во Белград одреди 30-дневен притвор за 13 лица осомничени за тешката несреќа што се случи на Железничката станица во Нови Сад, при што животот го загубија 16 лица. Меѓу приведените се и поранешните министри за градежништво Горан Весиќ и Томислав Момировиќ.
Според Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија (ТОК), осомничените се товарат дека со потпишување на неколку анекси и спогодби поврзани со Трговскиот договор му овозможиле на изведувачот – кинеската компанија CRIC – CCCC, да наплати вкупно 1,21 милијарди долари, вклучително и дополнителни работи во износ од над 64 милиони долари.
Обвинителството тврди дека со овие договори компанијата остварила недозволена имотна корист од најмалку 18,7 милиони долари, додека буџетот на Република Србија бил оштетен за над 115 милиони долари.
Несреќата се случи кога се урна настрешницата на новоизградената железничка станица, само неколку дена по нејзиното отворање, при што 16 лица го загубија животот. Според првичните наоди, трагедијата е резултат на сериозни пропусти во изведбата и контролните механизми.
Адвокатите на осомничените имаат рок од три дена да поднесат жалба на одлуката за притвор. Истрагата е во тек.