УТРО.мк

Град и дожд предизвикаа хаос во неколку региони на Косово

Град и дожд предизвикаа хаос во неколку региони на Косово
Vero

Попладнево силни врнежи од дожд придружени со интензивен град погодиле неколку региони во Косово, предизвикувајќи поплави и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Најпогодени се подрачјата на Брезовица, Гњилане, Феризај и неколку села во општина Ѓаковица. Слики споделени на социјалните мрежи прикажуваат поплавени улици и дворови, каде нивото на водата достигнува високи размери, а градот формирал дебели слоеви на повеќе локации.

Во туристичкиот центар Брезовица, главниот пат кон комплексот е непрооден поради обилните дождовни поплави. Градот Гњилане исто така се соочува со сериозни последици од екстремните временски услови.

Локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата за безбедност.

Извор: zurnal.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран