УТРО.мк

Тајната ќерка на Путин конечно проговори за својот татко, откри досега непознати детали

Тајната ќерка на Путин конечно проговори за својот татко, откри досега непознати детали
Vero

Тајната ќерка на Путин со јавни критики: „Ми го уништи животот“

Елисавета Кривоногих, за која се верува дека е вонбрачна ќерка на рускиот претседател Владимир Путин, за прв пат индиректно проговори за својот татко. Позната и како Луиза Розова, 22-годишната уметничка која живее во Париз, го нарече „диктаторот што одзеде милиони животи и го уништи мојот“.

Во објава на нејзиниот приватен Телеграм канал „Art of Louise“, таа напиша: „Ослободувачко е повторно да можам да го покажам своето лице. Ме потсетува која сум и кој ми го уништи животот.“

Луиза претходно го криеше својот идентитет, но неодамна повторно споделува фотографии на Instagram. Последната објава е направена во синџирот кафетерии „Surf Coffee“ во Русија.

Родена е на 3 март 2003 година во Санкт Петербург, и според извештаите на независниот руски медиум „Проект“, таа е плод на врската меѓу Путин и Светлана Кривоногих, поранешна чистачка која по раѓањето на Луиза стекнала големо богатство, што поттикна шпекулации дека тоа е „цената на молчењето“.

Пред војната, Луиза водела луксузен живот, патувала со приватни авиони и настапувала како диџеј. Но, непосредно пред нападот на Украина, таа исчезна од јавноста. Сега живее во Париз, каде дипломираше на факултетот за културен менаџмент ICART.

Откако ја напушти Русија, таа отворено зборува против војната, режимот и луксузниот живот. Работи во уметничките галерии L Galerie и Espace Albatros во Париз, каде што се организираат антивоени изложби.

Сепак, нејзиното вклучување во културниот живот не помина без реакции. Уметничката Настја Родионова, која избегала од Русија во 2022 година, ги прекина врските со галериите каде работи Луиза, изјавувајќи дека „жртвите на режимот не треба да бидат присилени да делат простор со негови претставници“.

Луиза возврати: „Дали навистина сум одговорна за дејствата на семејство кое дури не ме ни слуша?“

Директорот на здружението „Л“, Дмитриј Долински, ја бранеше, велејќи: „Таа личи на Путин, но така изгледаат илјадници луѓе. Не сум видел ДНК тест.“

Британските власти во 2023 година ѝ воведоа санкции на нејзината мајка Светлана Кривоногих, која според неколку извештаи е блиска до внатрешниот круг на Путин.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран