УТРО.мк

Трамп испрати специјална порака до Путин: “Ова ќе го натера да запре”

Трамп испрати специјална порака до Путин: “Ова ќе го натера да запре”
Vero

Трамп испрати специјална порака до Путин: “Ова ќе го натера да запре”

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека падот на цените на енергенсите би можел да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина.

„Ако цените на енергенсите доволно се намалат, Путин ќе мора да престане да убива луѓе“, изјави Трамп во интервју за CNBC.

Тој нагласи дека, доколку цената на нафтата падне за уште десет долари по барел, Русија ќе се соочи со сериозни економски последици, поради што, според него, Путин „нема да има друг избор“.

Изјавата на Трамп ја пренесува агенцијата „Ројтерс“, во контекст на сѐ погласните повици за економски притисок врз Кремљ како алатка за ставање крај на конфликтот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран