УТРО.мк

Меџити: Ќе се реставрира Калдрмата во Чаршијата – инвестиција од 29 милиони денари

Меџити: Ќе се реставрира Калдрмата во Чаршијата – инвестиција од 29 милиони денари
Vero

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави почеток на значаен проект за реставрација и конзервација на калдрмата во Старата скопска чаршија, вреден 29 милиони денари.

„Старата Чаршија е темелот врз кој е изградена граѓанската култура на Скопје. Таа не е само простор – таа е живо сведоштво за заедништвото, трговијата и занаетчиството што го обликуваат пулсот на градот,“ истакна Меџити.

Проектот предвидува:

Целосна реконструкција на калдрмата;

Поставување на нова подземна кабелска мрежа;

Замена на оштетените водоводни цевки на улиците Самарџиска, Ковачка, Петар Михов и Сарачка.

Меџити нагласи дека работите ќе се реализираат со целосна почит кон историјата и животот на Чаршијата, во тесна соработка со занаетчиите и нивните претставници од организацијата ЕСНАФ.

„Со нив веќе одржавме состанок, со јасна порака – Чаршијата ќе продолжи да живее и за време на проектот. Ќе обезбедиме редовна комуникација, ќе ги слушаме сите сугестии и ќе обезбедиме почитување на нивната динамика на работа“, рече Меџити.

Оваа иницијатива претставува дел од пошироката стратегија за заштита и унапредување на културното и историското наследство на Скопје, а Старата Чаршија останува симбол на идентитетот, традицијата и економската виталност на градот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран