УТРО.мк

Меџити: Нов паркинг простор во Топана – конкретно решение за проблемот со паркирањето

Меџити: Нов паркинг простор во Топана – конкретно решение за проблемот со паркирањето
Vero

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска го започна денот на терен, во скопската населба Топана, каде што изврши увид во изградбата на еден од новите планирани паркинзи во рамки на проектите на Општина Чаир.

„Со овој проект имаме за цел да ја подобриме урбаната инфраструктура и конечно да го решиме долгогодишниот проблем со недостатокот на паркинг-места, што со години го отежнува секојдневниот живот на жителите“, изјави Меџити.

Според него, ова е конкретен чекор кој носи директно олеснување за граѓаните, покажувајќи дека кога се работи со сериозност и посветеност, резултатите се видливи и реални.

Меџити најави дека ваквиот пристап ќе продолжи и во другите делови на општината:

„Ќе продолжиме со истата посветеност во секое маало, секоја улица, секоја населба – со граѓанинот секогаш во центарот на одлуките“, потенцираше тој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран