УТРО.мк

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во текот на утрешниот ден

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во текот на утрешниот ден
Vero

Сончево и топло време, со попладневна нестабилност на северот

Утрешниот ден ќе биде претежно сончев, со мала до умерена облачност. Попладне, главно во северните делови од земјата, се очекува изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 27 и 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со променлива облачност. Попладне во делови од котлината се можни краткотрајни врнежи од дожд со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во продолжение следува период на стабилно и сончево време, со пораст на дневните температури.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран