УТРО.мк

Најмалку 14 Палестинци загинаа, а десетици се ранети во нова серија израелски напади врз Појасот Газа

Најмалку 14 Палестинци загинаа, а десетици се ранети во нова серија израелски напади врз Појасот Газа
Vero

Најмалку 14 Палестинци загинаа, а десетици се ранети во нова серија израелски напади врз Појасот Газа, соопштија медицински извори.

Пет лица биле убиени при напад врз шаторите на раселени семејства во Ал-Маваси, во јужниот дел на Кан Јунис. Уште тројца загинале, а неколкумина се повредени додека чекале хуманитарна помош јужно од истиот град.

Во централна Газа, израелски удари кај бегалскиот камп Нусеират усмртиле двајца Палестинци, меѓу кои и жена. Во градот Газа, четворица загинале, а други се повредени при две воздушни бомбардирања врз станбени згради. Повредени имало и при удари врз две куќи во населбата Шеик Радван.

Во меѓувреме, Министерството за здравство регистрирало 95 нови случаи на синдромот Гилен-Баре, од кои 45 се деца.

Израелската армија, и покрај меѓународните повици за прекин на огнот, продолжува со офанзивата врз Газа започната на 7 октомври 2023 година. Досега загинале речиси 61.000 Палестинци, од кои околу половина се жени и деца. Регионот е целосно опустошен и се наоѓа на работ на хуманитарна катастрофа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран